ТЕРА

REKLAMA???

50 ДРЖАВНА ИЗЛОЖБА СО ФОЛКЛОРОТ КАКО ИНСПИРАЦИЈА

Фолклорни ноти ја разиграа насобраната група пред фоајето на Центарот за култура денеска и ученици од различни училишта во државата кои нетрпеливо очекуваа сите да пристигнат па да  започне церемонијата на прогласување на наградените од 50та државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

2025 година останува забележана како јубилејна година, затоа што таа тоа е – првпат државната изложба на детски беше поставена во 1975 година. „Изложбата која е најстара од овој вид во Македонија, преку својот континуитет покажува дека дефинираната тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат нова свежина и потенцијал.“ – вели директорот на Центарот за култура Влатко Илиевски. Годинава до организаторот пристигнале околу 2.000 творби , од нив стручната жири комисија избрала и селектирала 577 творби од 50 колекции. Од нив 29 поединечни творвби се наградени, доделени се 8 награди за најдобра колекција и доделени се две специјални награди за четирипати по ред освоени награди за најдобра колекција.

Наградите ги додели Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола. Илиевска не само што ги поздраи присутните, им ги додели наградите, туку и сподели меморија од своите ученички денови – дека претседателот на жири комисијата Панде Петровски и бил наставник по ликовно, што за Габриела Илиевска претставува показ за енергијата што се внесува и етиката што се практикува во секој од чекорите за селекција, оценување, наградување.

Петровски пак вели дека во овие пет децении согледал со колкава љубов работат учениците и нивните наставници.

Насловот, темата на изложбата посочува кон традицијата на територијата, етносот на кој учениците припаѓаат, корените од кои извираат,  вели м-р Валентин Соклевски, организатор на изложбата.

Изложбата е поставена во фоајето на Центарот за култура.

Повеќе во видео прилогот подолу, врската ве носи до YouTube.