Полицијата уапси осомничен по масовното пукање во кое загинаа шестмина на парадата на Денот на независноста на САД во богатото предградие Хајленд Парк надвор од Чикаго.

По кратка бркотница со автомобил, Роберт Кримо (22) е приведен „без инциденти“, изјави на новинарите началникот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен.

Тој беше „осомничен“ за пукањето, но по неговото апсење, полицијата рече дека верува дека тој и го извршил. Официјални лица соопштија дека околу дваесетина лица, вклучително и деца, се згрижени поради повреди од огнено оружје, а некои се во критична состојба.

Парадата започна во 10 часот, но ненадејно беше прекината 10 минути подоцна, откако беа слушнати истрели.
Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите користејќи пушка со голема моќност, при што уби шест лица.
Повеќе од 36 лица се повредени, претежно со огнено оружје. 26 жртви на возраст од 8 до 85 години биле однесени во болницата во Хајленд Парк, изјавил лекарот за брза помош.












