ТЕРА

REKLAMA???

65 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА УМЕТНИКОТ ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

Велат човек е богат онолку колку што може да остави зад себе, наследство на градот, државата, општеството.

Панде Петровски е дел од таа фела, човек кој малку зборува, оставајќи неговите дела да зборуваат место него, безвременски уметнички изрази да ја раскажат емоцијата за Широк Сокак, битолската архитектура, Хераклеа и што ли уште не. Синоќа во фоајето на Центарот за култура, Петровски поддржан од Министерствотот за култура ја отвори ретроспективната изложба, 65 години творештво -Анкин посветена на сопругата и внуката.

За да твориш непрестано во период од 65 години важно е да си ја најдеш музата или мотивот, кој сликарството ќе го претвори во река која тече без престан, Петровски ја наоѓа во се.

Изложбата содржи над 120 дела од просторни услови, иако опусот на Петровски е значително поголем.

Петровски остава зад себе трага со своите над 25 самостојни и околу 100 групни изложби во Македонија и странство.

Учеството на дваесеттина меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Романија.

Повеќе пати е наградуван за афоризам и карикатура, а меѓу наградите за сликарство се и : „4 – ти Ноември” на Општина Битола и „Мајската награда” на ДЛУБ.

Синоќа се закити со уште една за живтоно дело од еснафот на Друштвото на ликовни уметници.