ТЕРА

REKLAMA???

80 ГОДИНИ НУУБ – ДЕН НА ЧИТАТЕЛИ, ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ И РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ

Битолската библиотека деновиве со настани ја одбележува т.н предјублејна недела. Во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето денеска установата организира настани посветени на читателите и роднокрајните автори.

Најголемите читатели 

Ако библиотеките се центар на писменоста, деновиве битолската библиотека го покажува и докажува тоа. Денешниот ден од предјубилејното празнување беше посветен на читателите.

Никола Ицовски е второ одделенец од ОУ „Гоце Делчев“.

Мајките велат биле задолжени за образованието на децата. Не мора да е така, но тоа во семејството Ицовски се потврдува. Мајка му му читала уште додека тој бил бебе.  Нејзина сфера на интерес е меѓународното право, оттука има компетентно мислење за оваа стручна литература.

Библиотеките се најбогатиот извор на сигурна, научно потврдена литература која води кон сопствен или каререн напредок. Нецели два месеци на функцијата раководител директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова вели многу е важно да ги споиме сите овде, во насока кон осовревременување на оваа културна установа.

Денеска м-р Стефановска додели и признанија, благодарници, на посветените љубители на книгите и тоа во неколку категории: Предучилишна , категорија основно образоивание, средно образование, возрасни читатели и пензионери. Роза/Розитка Тодоровска е битолчанката со најголем број прочитани книги.

Читателите ги споделија своите приказни и на социјалните мрежи, како дел од проектот  „Библиотеката во фокус: филмови, приказни и искуства од заедницата“, поддржан од Министерството за култура и туризам. И за нив вработените од  Националната Установа Универзитеска библиотека имаа признание.

Во рамките на денешното пладневно одбележување на големиот јубилеј во конференциската сала на Библиотеката беше проектиран и документарец  изработен од учениците на Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола под менторство на професорката Христина Захариевска.

 

 

Награди „Роднокраен автор  за 2024“

Денеска беше доделена и Награда „Роднокраен автор за 2024 година“. Награда за животно дело на роднокраен автор од Битола – Петре Димовски,  Роднокраен автор за 2024 година – поезија – Зоран Пејковски,  Роднокраен автор за 2024 година – проза – Елизабета Јончиќ, а  наградата  Роднокраен автор за 2024 година – Перото на библиотекарството – отиде во рацете на Илче Стојановски.

Во 8 децениското постоење генерации вработени се вградиле во институцијата која и денеска внимателно ја негува својата заедница. Благој Николов е добро познат автор, публицист и библиотекар.

 

Благодарници за поранешните вработени

И поранешните вработени добија благодарници – симболичната потврда дека оставиле белег во работата на институцијата, дека има нови генерации кои ги следат нивните чекори. Ленче Андоновска неодамна пензионирана ги порача дека библиотеката ќе напредува доколку сите заемно се почитуваат.

За да се биде дел од оваа заедница.  Патот започнува со првиот чекор – сопствено зачленување

За децата од предшколска возраст и пензионерите е бесплатно, а сите со зачленовувањето се стекнуваат со право за позајнување на книги, користење на читални, а и сит други услови што ги нуди библиотеката како на пример бесплатниот интернет. Сеуште во тек е анкетата којашто е наменета за потенцијалните и актуелните членови, какви книги им требаатза да може да бидат набавени.

Повикувајќи ги сите да станат активни соработници на  Библиотеката, директорката Стефановска-Давкова денеска потсети дека 8 децении постоење  само по себе се симбол на континуитет за ширење на знаењето на институцијата којашто од многу аспекти е витален центар на писменоста .

 

Изјавите на сите наши соговорници денеска, во прилогот што ве води до YouTube.