ТЕРА

REKLAMA???

9-ти РЕКТОРСКИ ФОРУМ: ГРАДИТЕЛИ НА МОСТОВИ И БРОКЕРИ НА ЗНАЕЊЕ

Повеќе од 60 ректори од 15 европски држави, претседатели на универзитети и професори  денеска и утре се  во Битола на редовниот Ректорски собир на европските универзитети. Се дискутира за индината на универзитетите и нивната улога во промоција на демократските, европските вредности.

Во Битола денеска започна  9 от по ред  Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите: COLOURS, EUTOIA и YUFE. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка се одржуваат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. – објавија деновиве од УКЛО.  Истовремено ова е и форум на европската алијанса КОЛОРС, рече Ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“  проф-д-р Игор Неделковски на утринската прес конференција.

„Започнува деветтиот Форум на ректори од земјите на југоисточна Европа и Западен Балкан комбиниран со форум на КОЛОРС европската алијанса што го прави еден од најголемите академски настани што се случиле во нашито град, а можеби и во Македонија.“

Формираните алијанси се дел од европската стратегија за развој на демократските општества водени од правна држава, стратегија за поврзување, кохезивни политики, вели проф. д-р Снежана Пријиќ – Самарџија, претседател на Ректорскиот форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, од Универзитетот во Ријека, Хрватска.  Конференцијата е манифестација на идејата универзитетот да биде „Градител на мостови и брокер на знаење“.

Денешната средба е и средба на најмладата европска високо-образовна, универзитетска Алијаса – КОЛОРС, со  уште две :   EUTOPIA – Алијанса од десет европски универзитети формирана во 2019 година, а посветени на развој на нов модел за европски интегрирани високообразовни институции преку транснационална соработка. И втората,  YUFE   во слободен предвод „Млади универзитети за иднината на Европа“ – алијанса на 12 основачки факултети со цел да  стане водечки модел на млад, студентски центар, отворен и инклузивен Европски универзитет базиран на соработка помеѓу високообразовните институции, од јавниот и приватниот сектор и граѓаните.

Проф. д-р Торстен Мајер, претседател на Алијансата КОЛОРС од Универзитетот во Падерборн Германија, координатори на Алијансата рече дека ја очекувал средбата заради два аспекти: најпрвин размената на искуства со другите универзитетски алијанси  и, можноста да се види развојот на Co-Space на битолско тло.

Сите овие алијаси –  ректори, заменици ректори, претседатели на универзитети и професори во текот на битолскиот форум ќе се обидат да ја најдат заедничката основа, не само по желбата да се поврзат со своите европски колеги, туку и по документи:  ќе ја бараат заедничката основа во основачките документи, програмските, научно-наставните и истражувачките па и финансиските структури по кои работат за да може да биде позната надградбата кон вистинското заедничко работење, со мобилност на студентите и професорите и дипломи кои важат секаде. Ќе дискутираат и за идниот развој кон федерација на алијансите односно Универзитетот, а диксусиите ќе навлезат и до детаљи како упис на студенти, европскла диплома, издавање на дипломи.

Тоа што овој форум се одржува во Битола е важен затоа што директно овозможува поромовирање на регионот кој редовно е економски скромен но богат со знаење, историја и желба за знаење, беше кажано на утринската панел дискусија којашто можеше да се следи и преку интернет.  Проф. д-р Џозеф Гарел, претседател на Европската универзитетска асоцијација, формирана од Европска Комисија, најстарата и со 100 членки досега најбројната ги поздрави присутните токму така и ја започна тркалезната маса за идниот развој на универзитетските алијанси.

Попладне присутните  промовираа  Interreg UniAdrion-Ionian програмата и програмата Marie Sklodowska-Curie Actions (MSCA), а ќе биде промовиран и Co-space  на европската КОЛОРС алијанса – простор формиран од сите членки на КОЛОРС кадешто луѓе од Академијата и надвор од неа заеднички веќе работат на изнаоѓање решенија за регионлните предизвици.

Ова е уште една од низата активности на Униерзитетот Св. Климент Охридски кон одбележување на 100 години од почетоците на Универзитетот преку основачот Институтот за Тутун, 45 години од формално-правното постоење како Универзитет на факултетски единици и институти и 90 години од формирањето на првото студентско здружение во Македонија.