Руски дрон рано утринава погоди автобус со работници во украинскиот град Марханец, убивајќи најмалку девет лица во бран напади чија цел е цивилна инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица.
Украинската служба за итни случаи соопшти дека имало и напад на областа Синелниковскиј во регионот Дњепропетровск, во кој биле повредени две лица и предизвикан пожар во земјоделско претпријатие.
Русија исто така извршила „масовен“ напад со беспилотни летала на централниот украински регион Полтава, ранувајќи најмалку шест лица, соопшти службата за итни случаи во објава на Телеграм.
„Само градската цивилна инфраструктура беше под напади на непријателот“, објави службата за итни случаи на Телеграм.
Од Русија засега нема коментари за нападите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните единици за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 11 украински беспилотни летала над неколку руски региони и над Кримскиот полуостров. Регионалните гувернери изјавија дека нема извештаи за моментална штета.
МИА












