ТЕРА

REKLAMA???

Украина соопштува дека Русија ги засилува воздушните напади

Русија ги засилува воздушните напади, со повеќе од 250 летови регистрирани во последните 24 часа, соопшти утрово украинската армија. Тоа е за 60 летови повеќе од претходниот ден, објави Украина. Главни цели се областите во и околу Киев, Чернихив и Харков.

Украинските сили тврдат дека држат позиции на повеќе фронтови во битките со руската армија, речиси еден месец по почетокот на руската инвазија. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови, наведувајќи го Славјанск во областа Доњецк на југоисток.

Миколаив на југ и Чернихив на североисток успешно се бранат, соопшти украинската страна. Што се однесува до Мариупол, крајбрежен град на југоистокот на земјата, кој е блиску до руската граница и во кој со недели се водат жестоки борби, украинската армија тврди дека се брани од напади од сите страни. Овие тврдења не се независно потврдени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерите Ка-52 го уништиле складиштето за муниција на Украина без да прецизира локација.