ТЕРА

REKLAMA???

ЗА 7 ДЕНА ВО БИТОЛА СЕ ЗАРАЗИЛЕ 166 ЛИЦА

Во периодот од 28 март до 3 април Битола заедно со Кавадарци и Делчево е со највисока неделна инциденца на заболени од ковид 19, покажува неделниот извештај на институтот за јавно здравје. За овие 7 дена во Битола се заразиле 166 лица, а во последните две недели има 300 новозаболени од коронавирусот.  Заклучно со вчера бројот на активни случаи во Битола е 171, а од почетокот на пандемијата има вкупно 14.875 заболени лица.

Според неделниот извештај на Институтот продолжува трендот на намалување на бројот на заболени, хоспитализирани и починати лица од Ковид 19. Тестирани се вкупно 14.873 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 8,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 5,4% во однос на минатата недела (n=1.694). Процентот на позитивност се движи од 4,2% до 12,5%, просечно 10,2%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=431; 26,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=58; 3,6%).Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%). Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.789). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела. Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од нив се од Скопје. Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика” при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот за детекција на SARS CoV-2 кај 92 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

 Во 6 (6,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 86 (93,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth”.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 71 лица (13,4% помалку во споредба со претходна недела), од нив 27 се на кислородна поддршка (18,2% помалку во споредба со претходна недела), а 5 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (за 4 повеќе во споредба со претходна недела).

Заклучно со 3 април 2022, вакцинирани се вкупно 873.114 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.501 лица, а со трета доза се вакцинирани 154.693 лица.