ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ: СИТУАЦИЈАТА ВО БОРОДЈАНКА Е ПОЛОША ОД ТАА ВО БУЧА

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека уништувањето во  Бородјанка е „значително пострашно“ од од тоа што се случи во Буча.

Има повеќе жртви во ова гратче отколку во градот Буча, исто така од северозападно од главниот град. Секое злосторство ќе биде разрешено и секој крвник ќе биде пронајден“, рече Зеленски.

Москва негираше дека цели биле цивили и рече дека потврдените слики од телата во Буча биле исценирани од украинската влада за да ги попречат мировните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе разговара денеска во Киев со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави портпаролот на украинскиот претседател Сергиј Никифоров на националната телевизија.

Тој рече дека други детали од разговорите нема да бидат соопштени од безбедносни причини. Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кој исто така ќе престојува во Киев, вчера изјави дека Украина треба да биде снабдена со повеќе оружје за да ѝ се спротивстави на руската агресија и да ја изолира Русија што е можно повеќе во меѓународната заедница, како и да воведе дополнителни санкции за Москва.