ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

После пауза од две години поради пандемијата денеска со песна и оро на плоштадот „Магнолија“ во Битола  беше одбележан Светскиот ден на Ромите.

„На сите граѓани од ромската заедница од срце и душа им го честитам денот на Ромите и посакувам многу здравје, бериќет, среќа и сите да имаме меѓусебно разбирање. Пандемијата малку не задржа, но еве сега се враќа животот и свежината кај граѓаните, убаво е вака да се веселиме и да се дружиме“, изјави Џевдет Џелоски, Ромска ѕвезда Битола.

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се сретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна. На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет.