ТЕРА

REKLAMA???

ЛИДИЈА ВУКИЧЕВИЌ СО „ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ“ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Мега популарната актерка од бивште ју простори заедно со својот тим со хит комедијата од Србија ,,Чекајќи го министерот” за прв пат доаѓа во Битола, соопштија од Центарот за култура.

Оваа комедија се игра на секаде во Србија. Лидија Вукичевиќ со својата екипа најавува смеа за битолската публика и со задоволство чека да застане на нашата сцена, бидејќи за неа исклучителна чест ќе претставува првото гостување во Битола пред битолската публика.

Претставата „Чекајќи го министерот” е вечерва од 20 часот.

Автор и режисер : Семир Гичиќ

Играат: Лидија Вукичевиќ , Семир Гичиќ и Сашо Ристовски

Дејството се случува во една руинира кафеана, која добива нов сопственик. Сопственикот се соочува со проблеми со старата келнерка околу неговата замисла како треба да оди бизнисот. Тој ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафеаната, а причина за тоа е доаѓањето на министерот од владата.

Лидија Вукичевиќ е една од најатрактивните српски актерки од својата генерација, па и покрај тоа што се наоѓа во шестата деценија од својот живот, таа сè уште важи за една од најзгодните жени на сцената. Таа засекогаш ќе остане запаметена по улогата на Виолета во култната ТВ серија „Подобар живот“.