ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ: РУСКАТА АГРЕСИЈА Е НАСОЧЕНА КОН ЦЕЛА ЕВРОПА

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека Киев се согласил да обезбеди девет хуманитарни коридори за да им помогне на луѓето да избегнат од тешките борби кои се водат на истокот на земјата.

Жителите на опколениот регион Луганск денеска ќе имаат девет возови на располагање, кои ќе се користат за евакуација, објави на Телеграм гувернерот на регионот, Серхи Хејдеј.

Повиците на украинските власти за евакуација на цивилите се зголемија, по ракетниот напад на 8 април на железничката станица во градот Краматорск во регионот Доњецк, преполн со жени, деца и стари лица кои се обидуваа да побегнат.

Украинските и руските сили ја организираа третата размена на заробеници, откако руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари, соопштија властите на двете земји.

Потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук, за украинските медиуми изјавила дека се ослободени 26 Украинци – 12 војници и 14 цивили.

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова информирала дека двете земји дозволиле возачите на камиони кои останале заробени во една од овие две земји да се вратат дома.

Според агенцијата ТАСС, Москалкова исто така додала дека е дозволено 32 Руси и 20 Украинци да се вратат дома.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската агресија никогаш не била ограничена само на Украина и дека таа е насочена кон цела Европа и уште еднаш го повика Западот да воведе целосно ембарго на руските енергетски извори и да и достави на Украина повеќе оружје.

Во говорот доцна навечер во саботата, Зеленски рече дека употребата на сила од Русија е катастрофа што неизбежно ќе ги погоди сите.

„Руските намери за агресија не се ограничени само на Украина. Целиот европски проект е цел на Русија“, рече украинскиот претседател, кого вчера во Киев го посети британскиот премиер Борис Џонсон.

Руските операции во Украина продолжуваат да се фокусираат на регионот Донбас, на Мариупол и Миколаев, наведува британското министерство за одбрана.