ТЕРА

REKLAMA???

АТАНАСОВА ИЗБРАНА ЗА СЕКРЕТАР НА БИТОЛСКАТА СДСМ

Битолската СДСМ соопшти дека Извршниот одбор на партијата, на првата седница за секретар на општинската организација ја избра Гордана Анастасова.

Анастасова е дипломиран учител и во моментов ја извршува функцијата директор на ОУ Св. „Климент Охридски“ Битола. Таа е долгогодишен активен член на СДСМ, изминатите четири години член на Комисијата за образование при СДСМ Битола.

По изборот на новото раководство, во најбрз рок следува избор и на нови членови на партиските комисии и тела, соопштија од СДСМ Битола.