ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕРВЈУ СО АКТЕРКАТА ЛИДИЈА ВУЌИЧЕВИЌ

Мега популарната актерка од бившите ЈУ простори заедно со својот тим со хит комедијата од Србија ,,Чекајќи го министерот” беше во Битола, каде ја одигра претставата на сцената на Центарот за култура.

Во интервју за Тера Тв зборуваме и за серијата по која и денеска ја препознаваат „Подобар живот“, каде го играше ликот на Виолета Попадиќ.

„ Ја мислам дека „Подобар живот“е најсупешна серија и најдобра затоа што зборуваме за Југославија. Последната епизода се емитуваше девет дена пред распадот на Југославија и некако сите сме емотивно поврзани со серијата која сама по себе беше семејна, добра, квалитетна, но некако беше таа стара Југославија кога сите уживавме во исто. После тоа се се промени. Поинаку е кога работите во Србија, а поинаку во Југославија. Имате поголема конкуренција, поширок спектар на актери, во Југославија јас работев со многу актери од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Пораката на серијата беше да се држиме заедно“ вели Вуќичевик.

Со неа разговараме и за нејзиниот политички ангажман во минатото, за статусот на уметниците во денешно време и за релацијата граѓани-министери односно власт, што е тема и на нејзината претстава со која се претстави пред битолската публика

„ Семир, кој е доста талентиран авторот на текстот, сакал да покаже колку луѓето ги глорификуваат тие позиции. Јас го запознав Вашиот претседател, првиот ден кога дојдовме во Македонија и седнавме на кафе, јас го запознав и бев воодушевена. Човек кој се движи сам, господин, толку едноставен, затоа секогаш велам големината е во едноставноста. Сите луѓе кои се сигурни во себе, кои имаат квалитети, тие се секогаш едноставни. А оваа претстава, покажува колку луѓето очекуваат министерот да им го реши животот, што секако не може. Не можеме ние да очекуваме некој да ни го реши животот, ние мораме сами да се бориме за својот живот, а на ниво на уметноста, заеднички може да ни помогне министерот, но не поединечно“ вели таа.

Разговаравме и за нејзиниот приватен живот, а благодарна е за убавиот прием во Битола.

„Се гледаме во друга прилика, сакам да се заблагодарам на Центарот за култура, директорката, одличната публика, на новинарите, затоа што најголемо е задоволството кога актерот после претставата се чувствува добро и среќно, уморен е, но срцето му е големо и исполнето. Битола, благодарам“ ни рече Вукичевиќ.

Повеќе од интервјуто во продолжение.