Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, јавуваат тамошните медиуми.
Целта на шведската премиерка Магдалена Андерсон е Шведска да стане членка на НАТО во јуни оваа година, велат извори за весникот.
Финска најави дека наскоро ќе отпочне јавна дебата за членство на земјата во НАТО во рок од неколку недели.
Мнозинството Финци до неодамна беа против членство во НАТО, но руската инвазија на Украина ги натера на преиспитувања на ставовите. Најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството дава поддршка за членството во Алијансата.
Претходно, Русија се закани во случај Шведска и Финска да влезат во НАТО.












