ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „ВЕЗЕНИ ФРАГМЕНТИ ОД ТРАДИЦИОНАЛНАТА НАРОДНА НОСИЈА СО ВОЛНЕНИ КОНЦИ“

На 9 Април се одржа вториот по ред Европски ден на волната организиран од Европската фондација за волна која е основана со цел заштита на волната бидејќи последните години волната во Европа или се фрла или спалува бидејќи не постојат капацитети за нејзина преработка или ги има многу малку. Неколку организации од Европа се заложија за спас и рециклирање на волната како и употреба не само како текстилен материјал туку и суровина во други индустриски гранки, а како резултат на тоа се формира оваа фондација ( EWE- European Wool Excange).

Професорките од СОУ  ,, Таки Даскало,,  Анита Стефановска и Живка Танушева Ицаноска на директна покана од претседателот на фондацијата Албертo Коста зедоа учество како единствени претставници од нашата земја со своја видео презентација ,,Везени фрагменти од традиционалната народна носија со волнени конци,,. Домаќин на настанот беше Museo del Trajo, Мадрид, Шпанија. Претставувањето беше онлајн. На овој настан учество зедоа повеќе земји како Италија, Шпанија, Хрватска, Финска, Словенија , Португалија,Чиле.

Уште пред неколку години професорките забележаа дека учениците не се вешти и не практикуваат рачни изработки како везење и плетење.Затоа во соработка со Завод и музеј Битола започнаа активности за везење со учениците од текстилната струка  со цел зачувување на македонскиот вез од народната носија од една страна и стекнување на вештини на везење од друга страна.

Денес кога учениците се вратија во ученичките клупи активностите на везење продолжија. При везењето на фрагментите од народната носија се користат најразлични волници од волна и волнена мешавина. Тоа беше повод за снимањето на краткиот видео материјал со кои текстилната насока се претстави на Европскиот ден на волната – 9 Април кој се одржа по втор пат. „Користењето на волната во едукативни цели ќе продолжи“- велат професорките Анита и Живка. „Наредната учебна година ќе започнеме со изучување на техниките на рачно плетење и сме со намера да набавиме мини разбој за изучување на техниките на ткаење. Со ова сакаме да ги поттикнеме учениците на зачувување на традицијата и старите занаети преку изразување на нивната креативност со  рачните изработки“.