ТЕРА

REKLAMA???

9-ТА ПО РЕД ИЗЛОЖБА „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ ЗАЗО“ ВО ПРИЛЕП

Вљубениците во добрата фотографија имаа можност да присуствуваат на изложбата во организација на фото клубот „Прилеп„ која се организира по 9 -пат,  изложба на фотографии  „Јордан Зазоски- Зазо 2022„  која се одржа во  ЦК.  Марко Цепенков.

На изложбата беа изложени 60 фотографии од 60 фотографи – аматери од Прилеп кои уживаат да ги регистрираат моментите преку својот фото објектив и да создаваат фотографии за паметење. „Изложбата секогаш содржела по 60 фотографии , но започнавме со 5 автори кои изложуваа повеќе фотографии,па 10,15 , а денес имаме 60 фотографии по една  од 60 млади фото автори. А, можеби во иднина ќе мора да ја зголемуваме изложбата, зашто со аматерска фотографија се бават се повеќе млади луѓе. Денес Фото Клубот „Прилеп„ брои над 200 членови, што говори за интересот за создавање и креирање на фотографија„- рече претседателот на Фото клубот Прилеп, Сашко Попоски .

Изложбата ја отвори градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој укажа дека градот ќе ги поддржува младите креативни луѓе.

 „Ми беше чест да ја отворам 9-тата изложба по ред на Фото Кино клубот „Прилеп“- Јордан Зазоски Зазо 2022 година. На оваа изложба видовме прекрасни фотографии низ објективот на талентираните прилепски автори. Ваквите настани кои даваат голем придонес во афирмацијата на нашиот град секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката на Локалната самоуправа.“

На изложбата беше присустна и сопругата на  Јордан Зазоски- Зазо, Роза Зазоска . Таа посочи дека тој бил човек кој бил посветен на фотографијата и на  аматерскиот филм.Човек чие изразување била фотографијата и камерата : „ Голема чест ми е што изложбата го носи неговото име“- рече таа.

Идната година иложбата ќе биде јубилејна, а фото клубот Прилеп вети дека ќе ја одбележи со поголем број на фотографии.

Фотографии: Фото кино клуб Прилеп