Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова изјави дека Западот се труди да го преформатира Балканот по своите мерила, пишува МКД.мк.
„Очигледно е дека Западот, спроведувајќи таква злонамерна и деструктивна политика, тежнее кон само едно нешто, а тоа е да го преобликува Балканот според сопствените шаблони, нанесувајќи им штета на националните интереси на земјите од регионот, под измислени изговори да ги елиминира сите неистомисленици и оние кои не се сложуваат со западната неоколонијална политика“, оцени Захарова.












