ТЕРА

REKLAMA???

ТРИБИНА ЗА „ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ-ВЕЛИГДЕН“

Во Офицескиот дом во Битола се одржаа трибина на УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола  за “Христовото воскресение-Велигден”. 

Во присустно на владиката Петар, градоначалникот на Општина Битола, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, директори, советници, пратеници и членовите на Унијата на жени, актерот Васко Мавровски презентираше извадоци од Светото писмо.

 „Пред скоро 2000 години Апостолот Павле се обраќа кон македонците со зборовите: Па вие браќа не сте во темнина, за денот да ве изнанади како крадец,вие сте деца на светлината, деца на денот од Господа Бога одбрани“.

Мавровски рече дека македонската историја се темели на вечната борба на македонскиот народ за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, зачувување на семејството, традицијата и верата. 

„Ете зошто браќа и сестри да се биде македонец најпрвин е света работа а дури потоа проклетство и немир. Ние не сме македонци само затоа што зборуваме и се молиме на македонски, не сме македонци само затоа што пееме и играме на македонски. Македонци сме најмногу затоа што сме страдале на македонски и никогаш не сме се израдувале на татковината, па сепак прекрасно ми е што сум македонец и што можам да се борам против неправдите што и се нанесени ма мојата земја Македонија“ рече тој.

Во име на организаторот Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Битола се обрати и ги поздрави присутните Анѓелка Диневска. За велигденските празнување на трибината зборуваше митрополитот преспанско пелагониски г. Петар.