ТЕРА

REKLAMA???

И ЈАЈЦАТА ПОСКАПИ ПРЕД ВЕЛИГДЕН

Врвулици низ битолскиот пазар деновиве. Се прават последните подготовки за Велигден. Се купува се што е потребно за велигденската трпеза. Дел од граѓаните совреме си купиле јајца за вапцување, додека некои купуваат последните денови. За разлика од минатата година, но и пред неколку недели, цената на јајцата е покачена, велат битолчани. Една влошка јајца чини од 230 денари па нагоре до 260 денари во зависност од големината.

Се трошат и украсите и боите за јајцата. Иако цената е минимално покачена, се купува повеќе од минатата година.

Ги запрашавме битолчани, во каква боја ќе ги бојадисаат велигденските јајца.

Иако цената на голем број производи е покачена, традицијата треба да се запази, во согласност со домашниот буџет.