Имаме стабилно производство на електрична енергија и без рестрикции, вели во интервју за Актуел за Тера, Пеце Матевски-директор на РЕК Битола.
Со него разговараме за грејна сезона која е зад нас, за Блокот 3, состојбите со јаглен на депонија и за набавката на јаглен од Албанија.
Матевски зборува и за новиот БТО систем и изградбата на фотоволтаици во РЕК Битола.
Прашавме и за договорот меѓу АД ЕСМ и Синдикатот, односно за одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70% од месечната плата на работникот.













