ТЕРА

REKLAMA???

РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ГО ЗАЗЕДЕ ГРАДОТ МАРИУПОЛ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, наредил да се откаже планираниот напад врз железарницата Азовстал во Mариупол и му честитал за воспоставување на контролата над овој град, соопшти Кремљ, пиштува Дојче Веле.

„Предложениот напад на индустриската зона го сметам за несоодветен. Ви наредувам да го откажете“, рекол Путин. Тој додал дека треба да се мисли на спасување на животи и на здравјето на руските војници и офицери.

Претходно, украинската страна предложи преговори за судбината на борците и спасување на цивилите кои се засолниле во челичарницата Азовстал.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук пак денеска побара од Русија итно да дозволи евакуација на цивилите и ранетите војници од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол преку хуманитарен коридор.

„Има околу 1.000 цивили и 500 ранети војници таму. Сите тие треба да бидат извлечени од Азовстал денеска“, истакна Верешчук.