ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Вечерва во 23:07 часот регистриран е земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Оваа инфорамција ја обрави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е на 45 км југоисточно од Мостар и 20 км источно од Столац.

Земјотресот бил на длабочина од 5 км.

Медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени, а почувствуван и во Сараево, Требиње, Зеница. Жителите на Сараево ги напуштиле своите домови.

Исто така земјотресот бил почувствуван и во соседните земји.

„Дневни аваз“ пишува дека потресот траел околу една минута.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.7 степени, а беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,

Фото: Дневни аваз