ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ ПРОСЛАВУВА „РОСА ВИТА“

На 23 април 2002 почнаа со работа само со двајца вработени, за денеска после 20 години да достигнат бројка од 21 вработен.

Денеска сите заедно, како едно семејство, вработените, соработниците, колегите и нивните клиенти го одбележаа својот јубилеј – 20 години „Роса Вита“.

20 години цврсто посветени кон здравјето на своите пациенти од трите општини Битола, Новаци и Могила, нудејќи врвна услуга, беспрекорност во квалитетот и највисоки стандарди.

Роденеденската забава беше пред аптеката во центарот на Битола, таму ги пречекаа нивните гости, во одличен роденденски амбиент подготвен за оваа прилика.

„Денес ни е јубилеј, 20 години славиме од „Роса Вита“. Пред 20 години на денешен ден на 23 април 2002 година ја отворивме аптеката. Аптеката почна со дејност. Денот календарски кога започнавме беше среда, денеска еве се погоди на Велика сабота. Освен работа, работа и работа, нема ништо друго што може да се каже, за да се прослави ваков јубилеј. За да си успешен треба голема организација и тимска работа. Треба да си ја сакаш работата и да се сакаш себеси. Нема дефиниција за успех. Одиме на работа за да работиме. Почнавме со работа само со еден фармацевт и еден техничар, а сега сме 21 вработен. Сакам да се заблагодарам до сите граѓани на општините Битола, Новаци и Могила, ова ни е јубилејна година, 20 години славиме денес, ако не бевте вие, немаше да бидеме и ние. Решивме да го прославиме роденденот пред нашата аптека, заедно со сите граѓани“, рече Сузана Димовска, дипломиран фармацевт, сопственичка на аптеката „Роса Вита“.

„Роса Вита“ е аптека во градот која работи 24/7, и за време на празници и во недела.