ТЕРА

REKLAMA???

37,6 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЌЕ ЖИВЕАТ ВО ЕКСТРЕМНА СИРОМАШТИЈА

Човештвото страда од „нарушена перцепција на ризик“, што нè поттикнува на активности и однесувања што предизвикуваат климатски промени и се поголем број катастрофи ширум светот, предупредија од ОН, пишува Макфакс.

Во новиот извештај, Канцеларијата на ОН за намалување на ризиците од катастрофи открива дека во последните две децении на глобално ниво има меѓу 350 и 500 катастрофи од средни и големи размери секоја година. Тоа е пет пати повеќе од просекот од претходните три децении, се вели во извештајот.

Со оглед на климатските промени, се очекува уште почесто да се случуваат катастрофални настани предизвикани од суша, екстремни температури и разорни поплави. Извештајот проценува дека до 2030 година годишно ќе доживуваме 560 катастрофи ширум светот или во просек 1,5 катастрофи секој ден.

Игнорирањето на огромните ризици со кои се соочуваме го доведува човештвото во спирала на самоуништување, предупредува во изјавата заменик-генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед.

Најтешко погодени се азиско-пацифичките земји, кои губат 1,6 отсто од БДП годишно, се вели во извештајот.

Во извештајот се проценува дека уште 37,6 милиони луѓе ќе живеат во екстремна сиромаштија до 2030 година поради влијанието на климатските промени и катастрофи.