На 23 април 2002 почнаа со работа само со двајца вработени, за денеска после 20 години да достигнат бројка од 21 вработен.Сите заедно, како едно семејство, вработените, соработниците, колегите и нивните клиенти го одбележаа својот јубилеј – 20 години „Роса Вита“. 20 години цврсто посветени кон здравјето на своите пациенти од трите општини Битола, Новаци и Могила, нудејќи врвна услуга, беспрекорност во квалитетот и највисоки стандарди. Роденеденската забава беше на Велика сабота пред аптеката во Старата битолска чаршија, таму ги пречекаа нивните гости, во одличен роденденски амбиент подготвен за оваа прилика.

Сопственичката Сузана Димовска ни раскажа за почетоците, но и за предизвиците со кои се соочила. Рецепт за успех вели нема, само со работа, посветеност и љубов кон професијата може да се постигне се. Со пристап до 24 часовна услуга, важно е вели да продолжиме да им помагаме на сите.

Прашавме дел од присутните што за нив значи „Роса Вита“?
20 години посветеност, јубилеј достоен за почит. Успехот се должи и на професионалниот и посветен персонал. Дел од тимот вработени во аптеката “Роса Вита“ се заблагодарија до своите клиенти, што токму тие биле нивниот избор. Велат дела грижата за здраво живеење на пациентите е нивни приоритет.

„Роса Вита“ е аптека во градот која работи 24/7 и за време на празници и во недела.












