Бугарија и Полска веќе нема да добиваат руски гас. Рускиот концерн Гаспорм денеска, како што најави ќе ги запре испораките на гас за двете земји.
Дојчев Веле пишува дека полската компанија за гас „ПГНиГ“ објави дека добила писмено известување од Гаспром оти испораката на гас за Полска преку гасоводот Јамал ќе биде прекината.
Полската министерка за заштита на климата, Ана Москва, изјави дека од денеска изутрина веќе нема да доаѓа гас преку гасоводот Јамал, а последиците од тоа ќе бидат „мали“. Варшава од почетокот на војната во Украина наведува дека е подготвена за целосна независност од руските суровини.
Ситуацијата во Бугарија е поинаква. Земјата која годишно троши околу три милијарди кубни метри гас, е речиси целосно зависна од Русија. Само мали количества доаѓаат од Азарбејџан.
Долгорочниот договор за снабдување со Гаспром истекува на крајот на оваа година. Според владата во Софија, бугарската компанија Булгаргас добила писмо во кое се најавува „прекинување“ на испораките на руски гас.
Бугарското Министерство за енергетика објави дека државните гасни компании Булгаргас и Булгартрансгас „презедоа чекори за постигнување алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и справување со моменталната ситуација“. „Во моментов нема потреба да се ограничи потрошувачката“, додава Министерството.












