Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот „Ангел“ кај Градскиот часовник во Битола, денес се одбележаа 21 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа убиени осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, од кои четворица од Битола и битолско.Изразувајќи им почит, во нивни вечен помен, свежо цвеќе положија припадници на полицијата, припадници на посебните специјални единици, семејствата на загинатите, градоначалникот на Битола, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалниците на општините Новаци и Могила, бранители и претставници на политички партии.
На денешен ден во 2001 година во заседа кај тетовското село Вејце од битолскиот регион загинаа Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. Никогаш повеќе тоа зло да не се повтори, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Овај ден е тежок ден за битолчани, оние кои што го дадоа животот за татковината треба да се слават секој ден, рече бранителот Сашо Гилевски.
На 28 април 2001 година загинааа 8 припадници на армијата и на полицијата во заседа кај Вејце.












