Во чест на Бошко Најдовски, македонскиот бранител кој заедно со 7 припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“ на 28 април 2001 година загинаа во заседа кај Вејце, минатата година во неговото родно место Долно Оризари беше подигнато спомен обележје. Денеска по повод одбележувањето на 21 година од неговото загинување свежо цвеќе положија членови од семејството на Најдовски, градоначалниците на Битола, Новаци и Могила, претставници на политички партии, бранители, како и негови сограѓани.
Споменикот беше изграден минатата година на иницијатива на Месната заедница „Бошко Најдовски“ од Долно Оризари. Пред присутните се обрати градоначалникот Тони Коњановски.
Свежо цвеќе положија и претставници од здружението Ромска Ѕвезда од Битола.
Младите од Долно Оризари свежо цвеќе положија и на првото спомен обележје подигнато во чест на Бошко Најдовски.












