Неколку украински градови синоќа биле погодени од руски ракети. Како што јавуваат медиумите уништени биле три електрани во Лавов, па речиси цел град е без струја.
Покрај Лавов, бомбардирани се и области во Виница, Одеса и Кировоград, а се уште не е позната колкава е штетата, пренесуваат украинските медиуми.
Закарпатската област, која досега не беше на мета на руските сили, синоќа беше нападната за првпат од почетокот на руската инвазија.












