По неодамнешната остварена посета на Музичкото училиште “Стеван Мокрањац” од Пожаревац, Србија, во Битола, соработката продолжува во Србија со гостување на ученици од Државно музичко училиште – Битола и нивните ментори, психологот Нина Тасевска и проф.м-р Маја Митровска. Проектот е во организација на RYCO (Регионална канцеларија за младинска соработка) – меѓувладина организација, која има за цел да го промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во Западен Балкан преку програми за младинска размена што ја прави соработката различна од видот на екскурзии што обично ги прават училиштата; како и Програма Суперучилишта (Superschools) која претставува програма за училишна размена во Западен Балкан 6 со цел да се поддржат процесите за градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог.

Во концертната сала на Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Пожаревац, беше организиран концерт за добредојде за учениците и наставниците на Државното музичко училиште од Битола. Училиштето од Битола е партнер на училиштето од Пожаревац во реализацијата на проектот наречен „Музичка синтеза низ звуците на различностите“. Целта е запознавање со други култури и начини на работа во музичката настава, што се реализира преку размена на ученици. Претседателот на Градското собрание, Предраг Мијатовиќ, смета дека музиката зборува универзален јазик што го разбираат сите во светот, бидејќи е напишано во писмо кое е исто во секое музичко училиште на планетата.

Се одржа и работилница на тема “Стереотипи и предрасуди, со акцент на “Етничките стереотипи и предрасуди”, со предавачите психолози, Нина Тасевска и Немања Џорџевиќ.
После работилницата се одржа работен состанок со претставници од Регионална канцеларија за младинска соработка , општина Пожаревац, Германската амбасада, Просветниот инспекторат, координаторите од двете училишта и директорката и помошничката на училиштето “Стеван Мокрањац”. На концертот за добредојде на битолчани, во првиот дел настапија ученици од училиптето од Пожаревац. Концертот заврши со изведба на сплетот: “Кога ќе дојдам во Битола” на Илија Рајковиќ, кој предизвика силни емоции кај присутните, и после големиот аплауз следуваше бис. Покрај гостите од Македонија, на концертот присуствуваа и Кристијан Шилинг, раководител на Одделот за економска соработка на Амбасадата на СР Германија во Србија и Марија Булат, директор на белградскиот огранок на Регионалниот центар за младинска
соработка.
Активностите продолжија кога професорите од училиштето “Стеван Мокрањац”, одржаа часови со учениците од битолското музичко училиште. Се одржаа работилници по виолина, виолончело, гитара, труба и соло пеење. Посетата ќе трае од 8-ми мај.












