Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировен договор со Русија доаѓа предвид само ако таа ја повлече својата војска на позициите на кои што беше пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Тој додаде дека тоа е минимумот што неговата земја може да го прифати.
„Јас бев избран од украинскиот народ за да бидам претседател на Украина, не на некоја мини-Украина. За да запре војната помеѓу Украина и Русија, мора да се вратиме на ситуацијата од 23 февруари“, изјави Зеленски.
Тој притоа не го спомна полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014, но повика на обн
Лидерите на Групата седум (Г7) ќе разговараат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 8 мај, соопштија од Белата куќа. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа изјави дека виртуелните разговори ќе се фокусираат на најновите случувања во борбата на Украина против неиспровоцираната инвазија на руските сили.
Лидерите на најголемите светски економски сили ќе бараат начини како да му помогнат на Киев. Г7 ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија. Претходно беше позната како Г8, но Русија беше исфрлена по нејзината инвазија на Украина во 2014 година.












