Осум претстави во официјална конкуренција на фестивалот. Годинашното 56-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 3 до 11 јуни во Прилеп.
Денеска на прес конференции беа соопштени претставите кои ќе бидат дел од фестивалот.
-„Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, во изведба на Народниот театар од Битола,
– „Бракотна Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на ДраганаТаневска, во изведба на Народниот театар од Струмица,
– „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје,
– „Декамерон“според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп,
– „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје,
– „Клетвата на Скотје“од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје,
– „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје и
– „Севикам Горан Стефановски“ („My name is Goran Stefanovski“), во режија на БраниславМиќуновиќ, во изведба на Драмски театар од Скопје.
„За мене е особена чест што ми беше доверена задачата да бидам селектор на официјалната програма за 56 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Понудени беа деветнаесет претстави од репертоарот на македонските професионални театарски куќи. Од тој поширок пресекна домашната театарска продукција направена во година на продолжени епидемиолошки и други ограничувања, избрани се осум претстави.
Тие ги одразуваат сегашните дострели на македонскиот театар, кој и тематски и формално ги испитува можностите за соочување со нашата загрижувачка стварност. Кога многумина помислуваат дека театарот замолкнал и дека не може да излезе накрај со камшикот на времето исо неправдитеналокалните и глобалните силници, овие осум претстави сведочат дека театарот, сепак, не престанал да ги истражува и да ги покажува со јазикот на сценската игра двете најсуштински димензии на човекот – слободата и достоинството.
Избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат. Прави впечаток дека во редот на искусните режисери, како Миќуновиќ и Милчин, се приклучуваат и силни режисерски имиња од средната и од помладата генерација. Исто така, во овие претстави можат да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Официјалната програма на овој најзначаен домашен театарски фестивал во 2022 година ќе овозможи да се гледа театар што го премостува хијатусот на затворањата и стравот. Тоа е театар што нуди критички и отрезнувачки поглед кон самите нас“ рече селекторот проф. д-р Иван Додовски.
Добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска и драматургот Русомир Богдановски, соопшти на прес-конференцијата уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџи Василева.
Игор Тасевски












