10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука, во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.
Напаѓачот убиствата ги пренесувал директно на интернет сервис преку камера што ја поставил на кацигата.
18 годишиното лице во воена опрема е уапсено на лице место и е приведено, соопшти полицијата.
Во нападот се застрелани 13 лица, а 10 се убиени. Тројцата ранети, кои работеле во супермаркетот, не се здобиле со повреди опасни по живот.
Се верува дека осомничениот возел неколку часа за да стигне до делот на градот Бафало каде живее претежно афроамериканско население.
.












