ТЕРА

REKLAMA???

ХРВАТСКАТА АКТЕРКА ЕЦИЈА ОЈДАНИЌ ЈА ВООДУШЕВИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

На 14 мај, започна Интернационалниот фестивал на Монодрама Битола, на кој е пречекувана верната театарска публика која знае како да ги дочека и испрати со аплаузи професионалните актери кои овој пат доаѓаат од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами. 

Оваа година пристигнале повеќе од 70 апликации од целиот свет, од кои
дури 11 беа од Хрватска, но сепак само две од нив се избрани за ова издание.

Првата од нив претставата „Вла Вла Влајланд кабаре“ на театарот „Морузгва“ од Загреб, беше изведена на големата сцена на Центарот за култура во Битола.

Автор и режисер е Иван Лео Лемо. Одличната комедија „Вла-Вла-Влајланд кабаре“ во изведба на популарната Еција Ојданиќ е една од најпопуларните претстави во Хрватска, за која билетите исчезнуваат за само неколку часови.

Иако сите претстави, и театарот Морузгва и оние со потпис на Иван Лео Лемо, стануваат се попопуларни во последните години, се чини дека двајцата не биле ни свесни како навистина оваа монодрама ќе привлече толку големо внимание.
Претставата на театарот Морузгва всушност е продолжение на хит-копродукцијата со театарот Керемпух, „Кабаре преку врска “. Во ова продолжение особени симпатии кај публиката привлече ликот на Влајна Чистачица, која на особено смешен начин се бореше за нејзината егзистенција и во таа борба доживеа разни сознанија нетипични за сопствената стереотипна позиција. Се разбира, сè за забава и за поука на публиката. Националната феминистичка и здраворазумска хероина, маестрално отелотворена од Еција Ојданиќ, судбината, како и многу граѓани на Хрватска, ја однесе во Германија. Оваа епизода од нејзините авантури ги следи културните недоразбирања и мелодраматичните заплети што ја снашле во таа земја од соништата на многу иселеници.
Да се потсетиме Еција Ојданиќ, ја доби наградата Гран при на Интернационалниот фестивал за монодрама „Битола 2014“.за монодрамата „Бобочка“ од Мирослав Крлежа во режија на Иван Лео Лемо.