ТЕРА

REKLAMA???

ЕНЏИ НИКОЛОСКА ГО ИЗВЕДЕ ПРОЕКТОТ „КРИК“

Битола до 21. мај ќе биде вистински фестивалски град, место на средба на актери кои ја слават монодрамата како модерна театарска форма на “one man show”, со одржувањето на 23 от по ред фестивал на монодрама.

Овој фестивал е посебен и надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал во нашата држава, со светски контекст кој го потврдува гостувањето на монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.

После хрватската претстава, фестивалскиот ден продолжи на Сцената под ротација, каде настапи Енџи Николоска со проектот „Крик“, работен според текстови на Франка Раме, Ана Исаковиќ, Миња Боговац. Проектот е во копродукција со „Авангарт“ од Скопје.

Оваа претстава е создадена како дипломска претстава на Николоска од класата драмски актери на ред. проф. д-р Сузана Киранџиска и вон. проф. м-р Кристина Леловац, на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје.

’КРИК’ е игра, претстава, кабаре за еден процес. Внатрешен. За милион процеси. За вознемирување и насилство. За различните ставови и размислувања. За сето она за кое нашето општество никогаш нема да проговори ниту збор.

Денес програмата продлжува на новата сцена од 20 часот со независниот проект од Мадрид, Шпанија со претставата „СИВ СВЕТ“. Режија и актер Зое Лопез Сампер.

Потоа од 22:00ч. на големата сцена на Центарот за култура, гостува театарот Маска, Јелениа Гора, Полска со претставата „КОНТРАБАС“ на авторот Патрик Сускинд, режија на Кристоф Пулковски и во изведба на актерот Кристоф Рогачевич.