ТЕРА

REKLAMA???

РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА СКОРО 1000 УКРАИНСКИ БОРЦИ СЕ ПРЕДАЛЕ ВО АЗОВСТАЛ

Во изминатите денови се предадоа 959 украински борци кои со недели беа утврдени во челичарницата „Азовстал“, објави руското министерство за одбрана.

Меѓу нив се и 694 припадници на Азовскиот баталјон. Сите ќе бидат префрлени на територија што е под руска контрола.

Кремљ соопшти дека Путин лично гарантира дека затворениците ќе бидат третирани според меѓународните стандарди, додека украинските власти се надеваат на некаква размена.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, вели дека украинските команданти во Азовстал во Мариупол не се меѓу оние што досега се предале.

Украина прави сè што е можно и невозможно за да ги спаси преостанатите борци заробени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

Украина сака да ги замени своите војници за заробени руски војници како дел од договорот за евакуација што го потврди Москва, пишуваат медиумите.