ТЕРА

REKLAMA???

НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР „ЕЖЕН ЈОНЕСКУ“ОД МОЛДАВИЈА ГОСТУВАШЕ ВО БИТОЛА

Во Битола како дел од Фестивалот на монодрама беше изведена претставата на  Националниот Театар „Ежен Јонеску“ од Кишињев,Молдавија, со наслов „Ади“. Истата е работена по делото на авторот Константин  Чеиану, во режија на Диандра Гергел и во изведба на Анатол Гузик.

Приказната не носи до Адолф Хитлер кој владеел со Германија од 1933 до 1945 година. Голем број фактори, настани и идеи ја создале неговата личност, претворајќи го во личност која ја започна Втората светска војна и изврши масовно истребување на етничките групи.

Во последните денови од војната, затскриен во својот личен бункер, тој го игра својот последен чин во целосна интимност. Сè уште опседнат со „Едиповиот комплекс“ кој му го помрачил детството, тој е во дијалог со својата мајка, единствената која верувала во него. Без никакво каење и жалење, тој не е свесен за несреќата која ја предизвикал, не се плаши од поразот на Германија што се приближува или од приближувањето на сопствениот крај, но продолжува да биде фасциниран од сопствената судбина.