Театар „Годо“, од Букурешт, Романија гостуваше на Фестивалот на монодрама со претставата „Едит Пјаф“, по драматизација на „Тркало на Среќата“ од Едит Пјаф и „Едит Пјаф“ од Симон Берто.
Претставата е во режија и изведба на Дениза Абабеи. Шоуто доловува моменти од биографијата на саканата француска пејачка Едит Пјаф: рингишпил на емоции од првите јавни настапи до годините на слава или уметнички пад.

Почит кон големиот француски идол и публиката на шоуто која е воодушевена од стариот шарм на француските пеења кои во живо ги изведува актерката Дениз Абабеи. Прикажана е почитта кон легендарната Едит Пјаф – спој на нејзиниот неспоредлив вокален израз, на експресивноста на нејзиниот трагичен изглед .
Државниот театар за млади од Баку, Азербејџан ја изведе претставата „Дневникот на лудиот “ од Гогољ, во режија на Жанет Салимова и во изведба на актерот Шовги Хусеинов.

“Дневникот на лудиот” е приказна за лудиот обид да се уништи општествената нееднаквост во неговиот замислен, нереален свет. Во претставата овој пат до лудилото се следи од првиот ден, но со интензивирање на болеста преку измешани денови, месеци па дури и векови. Музиката на генијалниот Алфред Шнитке треба да ja нагласи оштрата болка на ова суштество и лудиот обид да избега од сопственото заробеништво.












