ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧНА 41-ОТ МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

Вечерва на платото пред Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија започна 41-от Мал Битолски Монмарт.

Оваа година на конкурсот беа пристигнати 22.500 ликовни творби, а меѓународното стручно жири одбра 777 најуспешни творби и ја додели Гран при наградата за ателјето Вејсел Аџар од Трабзон Турција, како и 3 специјални награди за училишта од Словенија, Романија и Унгарија, кои вечерва беа врачени на оние учесници кои пристигнаа во Битола, на годинашниот Монмарт.

На свеченото отворање вечерва беше присутна и ликовната екипа од училиште во Украина, која и покрај војната допатува во Битола, а ја сочинуваат ликовен педагог и двајца ученици.

Вечерва беше отворена и меѓународната 40-та ликовна изложба „Битола 22“.

Годинашното издание на Битолскиот монмарт ќе трае до 30-ти мај, кога ќе бидат прогласени најдобрите дела, а учесниците ќе создаваат дела низ Битола, Охрид и селото Буково.  85 гости од 14 држави се дојдени во Битола.