Плеј-оф (полуфинале) – трет натпревар
КК Пелистер – Еуро Никел 91-83 (2-1 во серијата)
Во возбудлив и докрај драматичен натпревар КК Пелистер победи во „мајсторката“ против кавадаречки Еуро Никел 2005 со 91-83 и се избори за финале против МЗТ Скопје Аеродром. Дуелот во спортската сала „Боро Чурлевски“ пред 1.500 гледачи долго време беше неизвесен, но во последната четвртина, потпомогнати од гледачите, пелистерци се одлепија до финална победа. Тројката на Марјан Младеновиќ на една минута до крајот ги сруши надежите на вицешампионот.
Најдобар кај победникот беше Игор Кесар со 25 поени, пред Никола Малешевиќ со 17 поени, додека Бобан Стајиќ заврши со 14 поени.
Финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром почнува в петок во СЦ „Јане Сандански“.












