Американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното обраќање до нацијата побара од Конгресот мерки за спречување на масовни пукања, вклучително и зголемување на возраста за купување оружје за напад.
„Видете, знам дека некои луѓе ќе речат „18-годишниците можат да служат во војска и да пукаат од такво оружје“, но тоа е со обука и надзор од најдобро обучените експерти во светот. Не ми кажувајте дека зголемувањето на возраста нема да направи разлика. Доста е“, рече Бајден за време на телевизиското обраќање по повод справувањето со оруженото насилство.
Неговиот говор уследи по масовните пукања од висок профил во последните недели во Њујорк, Тексас и Оклахома.
Во меѓувреме, во друго пукање, ранети се две лица на гробиштата во Рејсин, Висконсин, кога напаѓачот испукал повеќе куршуми кон присутните на погреб












