Денес точно напладне започна голем кошаркарски хепенинг во Битола. Кошаркарите на Пелистер се дружеа со битолчани на Широк Сокак и го најавија утрешниот втор натпревар од финалето на плеј-офот и дуелот за шампионска титула.

Главниот архитект на успехот, тренерот Марјан Илиевски рече дека во тимот има одлична атмосфера и очекува утре од 18:30 во салата „Боро Чурлевски“ да има рекорден број публика, а играчите се подговени да го дадат својот максимум.
Тренерите, кошаркарите, дел од клупската управа и навивачите се вклопија во пладневната кафе шема, испија кафе и пулсираа со битолското секојдневие.
КК Пелистер постави и свој штанд на Широк Сокак и на битолчани им подели неколку илјади флаери како најава за серијата од финалето на плеј-офот.













