Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека Русија досега вратила тела на 210 украински борци убиени во битката за Мариупол, наведувајќи дека повеќето од нив биле борци кои го држеле последното упориште во челичаната Азовстал.
Воената разузнавачка агенција не соопшти уште колку тела останале во урнатините на фабриката за челик.
Украина ќе се бори да ја врати целата нејзина територија што е окупирана од руските сили, рече претседателот Володимир Зеленски додека украинските сили се борат да го задржат источниот град Северодоњецк.
Украинските воени сили известија дека во текот на денот во регионите Доњецк и Луганск, руските војници пукале во повеќе од 16 населени места, при што загинал еден цивил, а шест биле повредени. Украинските бранители одбиле 11 непријателски напади, а борбите сѐ уште се водат на две локации, соопшти војската.












