Синоќа во рамките на петтиот меѓународен фестивал по кларинет и саксофон „СаксКлар 2022“, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт на Горан Трајковски-саксофон и Маја Божиновска-пијано.

Ден претходно исто така во Офицерскиот дом се одржа концерт на Спире Јовановски-кларинет и Верица Дивитарова-пијано.

Во рамките на годинашниот фестивал и семинари по кларинет и саксофон во Битола, Кавадарци, Штип и Скопје, со поканетите уметници Статис Мавроматис и Давор Реба, кои заедно со македонски кларинетисти и саксофонисти со Битолскиот камерен оркестар ќе одржат гала концерти во Битола на 15 јуни и во Скопје на 16 јуни.

Повеќе за ова ќе гледате в понеделник во Ритамот на градот на Тера Тв.



Фестивалот се одржува со поддршка на Министерството за култура.












