ТЕРА

REKLAMA???

ТРОЈЦА КОШАРКАРИ НА ПЕЛИСТЕР ПОВИКАНИ ВО НАЦИОНАЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското Првенство закажано за идната календарска година.

На први јули, нашите репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а неколку дена подоцна, на четврти јули ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје.

На списокот се повикани и тројца кошаркари на КК Пелистер, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски и Љубомир Младеновски.

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25. јуни, во СЦ Борис Трајковски со почеток во 10:00 часот.