ТЕРА

REKLAMA???

СЗО РАСПРАВА ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ПРОГЛАСУВАЊЕ ЕПИДЕМИЈА

Во Хрватска вчера е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, јави Хрватската радио телевизија.

Како што јавува медиумот, станува збор за маж што престојувал во Италија и Шпанија. Лицето има поблаг облик на мајмунски сипаници и не е хоспитализиран, туку е во домашна изолација.

Сомнежот за болеста е потврден со ПЦР-тест.

Министерството за здравство на Бугарија потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава.

Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица.

Експерти од Светската здравствена организација (СЗО) на средба ќе проценуваат дали епидемијата од мајмунските сипаници треба да се прогласи за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, како што беше случај со пандемијата од Ковид-19, јавија британски медиуми.