Од 23 до 26 Јуни, по 21 пат се одржува Битола Отворен Град, интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар- Битола.

Во годината кога МКЦ Битола одбележува 25 години од своето постоење го реализираат 21вото издание на фестивалот спакувано во ново руво. Го подаруваат фестивалот на младите во градот и регионот со силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици. Фестивалот годинава целосно е посветен на новата генерацијата и ова фестивалско издание комуницира токму така, надвор од стандардите, со нови форми. Редица артисти од електронската музичка сцена, уметнички дијалози за музика и ликовна уметност, се дел од 21.издание. Па така првиот ден започна во дворот на МКЦ Битола, со настапот на BAD JUJU B2B JOSS.

Програмата продолжува денес од 20.30 во дворот на МКЦ со BERRYQYAT B2B DEJAN DEX како и промоција на книгата „ВО ДИЈАЛОГ“, визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро. Во сабота на 25.06 од 11.30 во Јагода ќе биде Берзата на винили. Од 20.30 во дворот на МКЦ следува промоција на монографијатата: „МИЗАР Откровенија 1981-2021″ со Тошо Филиповски, како и слушачката промоција на музиката на Мизар со Александар Гулевски. А големиот хепенинг е во недела на 26. јуни со почеток во 20.00 часот. Локацијата е Градскиот парк во Битола. Ќе настапат 3 музички бендови. Битолската група ВЕЛ, бендот БAiLDSA од Солун, Грција и Helem Neјse од Сараево, Босна и Херцеговина. Настанот е отворен за сите љубители на урбаната музика од Битола и регионот.
Фестивалот Битола отворен град е поддржан од Општина Битола во рамките на Бит Фест 2022 .












