Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто. Ваквата информација ја потврди и НАТО.
Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата од страна на Турција за нивниот пристап.
Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Турција изјави висок американски претставник.
Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина.
Ердоган имаше голема резерва за членството на двете земји, обвинувајќи ги дека се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму.












