ТЕРА

REKLAMA???

ИАКО РАСТАТ БРОЈКИТЕ, НЕМА ПОТРЕБА ОД РЕСТРИКЦИИ

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола – 11, Прилеп – 6, Кичево – 3. Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции.

Регистрирани сe 45 оздравени пациенти од кои од се Битола 2, од Прилеп 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Скопје (84г),  починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.

Направени се 1.261 тестови преку: ЦЈЗ Битола-35, Плодност-4

Во текот на вчерашниот ден пак Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19 од кои Битола – 12, Прилеп – 5, Ресен и Крушево – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции и 90 оздравени пациенти.

Од направени 1.101 тестови преку: вчера во ЦЈЗ Битола-31, Плодност-5,

Дистрибуција по градови на Активни случаи во регионот е следна:

Битола 15792, Активни 43

Прилеп 14257, Активни 24

Кичево 5665, Активни 7

Ресен 2760, Активни 5

Крушево 933, Активни 2

Демир Хисар 836, Активни 0

Македонски Брод 743, Активни 1

Согласно бројките, Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Дополнително, препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Од Комисијата за заразни болести велат дека внимателно ја следат состојбата и во зависност од промените ќе донесат соодветни препораки.